Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” го забележа вториот пораз во овие квалификации од фаворитот во групата, селекцијата на Франција.
Триколорите во второто коло од групата 9 во рамките на квалификациите за пласман на ЕП против Македонија славеа победа со убедливи 4:0, оправдувајќи ја фаворитската улога на денешната средба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стрелец на првиот погодок за Франција беше Крупи во 22. минута. Четири минути подоцна Бунеб погоди за предност на полувреме од 2:0. Анес Мељиќи во последните минути од првото полувреме заработи директен црвен картон.
Во продолжението, репрезентацијата на Франција постигна уште два погодоци. Ламборде во 71. минута постигна погодок за водство од 3:0. Конечните 4:0 беа дело на Мепију во 79. минута од средбата.
Во последното коло од мини квалификацискиот турнир, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ ќе играат против селекцијата на Луксембург.
Во вториот натпревар од денешната програма, на стадионот на Македонија Ѓ.П. селекцијата на Исланд забележа победа над Луксембург со 3:1.
Фото: ФФМ