Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија стартуваше со пораз на „Трофеј Карпати“

Македонија стартуваше со пораз на „Трофеј Карпати“

Женската ракометна репрезентација на Македонија стартуваше со пораз на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија. Во мечот од првото коло ракометарките на селекторот Симе Симовски беа убедливо поразени од Бразил со 19:32.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првото полувреме, македонските ракометарки успеваа да им парираат на фаворизираните Бразилки, во продолжение на средбата имаше пад во нивната игра, но против себе, притоа, ја имаа и Мајса Пешоа, поранешната голманка на ЖРК Вардар.

Со своите интервенции, таа едноставно ги откажа „црвено-жолтите“ кои и онака тешко го следеа силното темпо што беше наметнато, па вториот дел го завршија со само шест погодоци.

Тимот на Македонија на „Трофеј Карпати“ е без три стандардни ракометарки.

Македонија утре од 15:00 часот ќе игра против Романија, во недела, во последното коло, и против Полска од 13 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени…