Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија со победа против Кувајт ги започна подготовките

Македонија со победа против Кувајт ги започна подготовките

Македонската ракометна репрезентација запиша победа против Кувајт на првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за настап на Европското првенство (31:21).

Лазаров изведе комбиниран тим без Кузмановски, Миркуловски, Митревски, Велкоски и Пешевски, но и покрај тоа без поголеми проблеми стигна до победата.

Првото полувреме беше рамноправно и заврши со резултат 14:13, но во вториот дел се покажа квалитетот на нашите ракометари, кои заиграа подобро и на крајот стигнаа до победа од 31:21.

Серафимов со седум гола беше прв стрелец, Талески постигна пет, а Ојлески и Маџовски завршија со четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Радовиш собира борачи од пет земји, Бучим домаќин по седми пат

Меѓу 100 и 120 борачи се очекуваат на меѓународниот турнир во Радовиш на 24 октомври. Дома…