Македонските ракометари рутинским ја совладаа селекцијата на Грција со 27:23 и го осигураа првото место во групата, а воедно и се одмаздија за поразот во Кожани.
Нашите ракометари имаа лош старт на натпреварот, па јужниот сосед водеше со два гола во почетните минути, а во еден момент стигнаа и до +3. Сепак, првото израмнување стигна во финишот кога Македонија израмни на 9-9, а потоа направи и пресврт, па на полувреме амина со предност од 13-11.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во вториот дел Македонија рутински ја одржуваше предноста и на крајот запишавме победа од четири гола разлика.
Кире Лазаров беше најефикасен со шест гола, Филип Талески и Жарко Пешевски имаа по пет, а Никола Митревски запиша 10 одбрани.
Македонија од претходно имаше обезбедено учество на Европското првенство, но со оваа победа го осигура првото место во групата