Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена на 4-ти април ќе направи еден чекор назад.
Имено, фудбалерите ќе паднат на 69-тата позиција, на претходната објавена на 15-ти февруари бевме 68-ми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонија со нерешениот натпревар против Молдавија и поразот од Црна Гора на пријателските натпревари во Анталија ќе има осум поени помалку од она што сега го имаме.
Овој пад од една позиција и не е толку загрижувачки како трендот на падот на репрезентацијата бидејќи пред рангирањето на 15-ти февруари имавме пад за три позиции.