Eвропската ракометна федерација ги потврди шеширите за баражот за Светското првенство кое ќе се игра во 2025 година, а Македонија на ждребот ќе биде помеѓу носителите.
Со победата против Швајцарија во последното коло од групната фаза на ова Европско првенство добивме привилегирано место во групата на носители. Натпреварите ќе се играат во месец мај во периодот помеѓу 8-ми и 12-ти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија за противник ќе добие една од селекциите на: Грузијa, Србија, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грција, БиХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Финска/Литванија и Словачка/Луксембург/Израел.
Ждребот ќе се одржи на 27-ми јануари.