Дома Македонски спорт Македонија има нова позиција на ФИФА ранг листата

Македонија има нова позиција на ФИФА ранг листата

Откако завршија Азискиот Куп и Африканскиот Куп на Нации, Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави и првата ранг листа во 2024 година.

Македонската репрезентација во овој период не одигра ниту еден натпревар, а забележа пад од три места. Во овој момент фудбалерите се на 68. место со 1.362 бода. Зад Македонија се Обединетите Арапски Емирати, сензацијата на Азискиот Куп, Јордам, додека на местата пред нас Гана, Узбекистан, Албанија…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освојувачот на Африканскиот Куп на Нации, Брегот на Слоновата Коска направи скок од 49-то на 39-то место, додека најголемиот прогрес го забележа Нигерија која беше поразената во финалето (од 42. на 28. место).

На врвот нема промени, Аргентина е лидер пред Франција и Англија, зад нив следуваат: Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…