Дома Македонски спорт Македонија денес може да го добие вториот тим кој играл во групна фаза од европско натпреварување

Македонија денес може да го добие вториот тим кој играл во групна фаза од европско натпреварување

Maкедонија денес може да го добие само вториот тим во својата историја кој играл во една групна фаза во европско натпреварување (првиот беше Вардар во групите во Лига Европа). За такво нешто потребно Струга да ја надполни негативата од првиот натпревар против Брејдаблик.

Брејдаблик минатата недела на стадионот „Билијанини Извори“ победи со 1:0, а денес се игра реваншот во Исланд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот се игра во терминот од 18:45 часот и домаќинот објави дека стадионот е распродаден, па така стружани ќе играат пред полн стадион. Брејдаблик игра на стадион со капацитет од 3.009 седишта.

За реваншот тренерот Шпетим Дуро не може да смета на суспендираните Марјан Радески кој е и повреден, како и Згуро кој беше исклучен во минатиот натпревар.

„Резултатот од првиот натпревар е во корист на противникот, бидејќи го загубивме тој натпревар во Охрид, но велам дека тоа е минимален резултат и уверен сум дека тимот ќе даде максимум на овој натпревар за да игра.

 Се осврнуваме и на првиот меч кој секако го одигравме подобро од противникот, тоа беше пораз кој барем не го заслуживме, но секако мислиме дека ќе дадеме максимум на овој натпревар. Им кажав на фудбалерите дека тоа е натпревар од 90 минути кој мора да се игра со сите сили и потоа да го видиме крајот на натпреварот“, изјави Дуро на вчерашната прес-конференција.

Како и Струга така и Брејдаблик игра за прв историски настап во групна фаза, победникот обезбедува место во групите од Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…