Дома Македонски спорт Македонија – Грузија: Милевски со една дилема за почетниот состав (фото)

Македонија – Грузија: Милевски со една дилема за почетниот состав (фото)

Вечерва фудбалската рперезентација на Македонија ќе го игра натпреварот против Грузија од третото коло во Лигата на Нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со оглед на ростерот, како што стојат работите нема да има простор за некои преголеми изненадувања. Столе Димитриевски се враќа на голманската позиција откако доби одмор против Гибралтар, пред него се очекуваат Муслиу и Велковски, а по бековските позиции Алиоски и Ашковски. Единствената дилема можеби е дали Тодоровски би можел да добие предност пред Ашковски.

Централно во средниот се очекува да истрча Спировски, а покрај него Елмас и Барди. Најистурен во нападот и овој пат би требало да биде Милан Ристовски, Чурлинов десно и Трајковски лево.

Натпреварот започнува во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Навивачите на БиХ направија „лудница“ пред натпреварот на СП (Видео)

Втор е денот од Светското првенство. Како и првиот ден, ќе се одиграат два натпревари. Прв…