Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија го има најдобриот стрелец во квалификациите!

Македонија го има најдобриот стрелец во квалификациите!

И на вториот меч од квалификациите за пласмна на Евробаскетот во 2025 година, Ненад Димитријевиќ ја покажа својата врвна класа. И статистишки потвтди дека во овој момент е едне од најдобрите бекови кои играта на европскито континент.

Ја  потврди и во репрезентативниот дрес и на гостуавњето во Сосновиец, каде испорача дури 32.поени (плус и по осум скока и исто толку асистенции).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што импресионира е фактот дека по првите два натпревари, против Естонија и Полска, македонскиот бек е најдобриот стрелец во квалификациите за Евробаскет 2025 година.

Има вкупно 57 поени, кои ги реализираше за 35.1 минути поминати на теренот. Димитријевиќ има просек од 28.5 поени, на двата одиграни натпревари. На оваа листа на најдобрите поентери е пред Словенецот Клемен Препелиќ, кој е на второто место, додека пак третата позиција му припаѓа на Торнике Шенгелија од Грузија.

Она што исто така може да радува, е брзата „аклиматизација“ на Етан Хап во нашиот репрезентативен состав. Силното крило на шпанската Гран Канарија исто така има две одлични изведби во овој февруарски ФИБА „прозрец“. И во овој момент, новиот Американец во македонскиот дрес е најдобар блокер во квалификациите, има пет блокади, исто колку што реализираше и Тригви Хлинасон од Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …