Дома Трансфер зона Македонецот во тандем со Белоти: Торино го сака Несторовски

Македонецот во тандем со Белоти: Торино го сака Несторовски

Еминентниот италијански весник „Тутоспорт“ пренесува дека раководството на Торино е заинтересирано за македонскиот репрезентативец и член на Палермо, Илија Несторовски.

Несторовски неодамна потпиша нов договор со Палермо до 2021 година, сепак „Тутоспорт“ тврди дека понуда од 15 милиони евра може да го убеди Зампарини да го пушти Македонецот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Несторовски сезонава е најдобриот стрелец на Палермо во Серија Б и има постигнато девет гола на 12 натпревари. Со тоа само ја потврди одличната форма од минатата сезона, па поради тоа се наоѓа на радарот на клубови од Серија А.

Торино сака да го спои Несторовски во нападот заедно со Андреа Белоти кој оваа сезона не е во најдобра форма и се мачи со пореди. Поради тоа Михајловиќ бара уште еден напаѓач во зимскиот преоден рок, а покрај Несторовски „биковите“ следат уште тројца напаѓачи: Кутроне од Милан, Бориело од СПАЛ и Фалчинели од Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…