Дома Фудбал Мадрид го слави Винисус: „Чудото од дете“ влезе и го спаси „кралот“ од нов блам! (ВИДЕО)

Мадрид го слави Винисус: „Чудото од дете“ влезе и го спаси „кралот“ од нов блам! (ВИДЕО)

Денес Реал Мадрид го одигра натпреварот од 11-то коло во шпанското првенство на домашен терен против Ваљадолилд.

„Кралевите“ успеаа да стигнат до победа од 2:0, но воопшто не воодушевија,


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првото полувреме Реал не успеа да стигне до погодок, а покрај тоа гостите знае и сериозно да се заканат.

Се мачеше Реал, а Ваљадолилд на два пати ја погодуваше пречката од голот на Куртоа. Сантијаго Солари клучниот момент го направи кога во 73-тата минута на терен го испрати Бразилецот Винисус Жуниор.

Прво во 83-тата испрати силен удар кој заврши во телото на дефанзивецот Кико на гостите и го измами чуварот на мрежата на Ваљадолид.

Само неколку минути подоцна одлично го пронајде Бензема во шеснаесетникот кој изнуди пенал. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше капитенот Серхио Рамос.

После овој натпревар, Солари сериозно треба да размисли Винисус да добива место во стартниот тим бидејќи денес токму со неговото влегување започна да игра многу подобро.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…