Дома Македонски спорт Мак баскет Магдевски: Трениравме напорно, со Швајцарија мора да бидеме максимално фокусирани

Магдевски: Трениравме напорно, со Швајцарија мора да бидеме максимално фокусирани

Во овој претквалификациски циклус Андреј Магдевски влегува како МВП од финалната серија во македонското првенство што е уште еден доказ дека игра најдобра кошарка, односно се наоѓа во најдобра форма во својата кариера.

И против Швајцарија и Словачка ќе биде еден од најважните во составот на Драган Бајиќ, улога од која не бега специјалистот за одбрана.

А по пауза од неколку години, во новата сезона репрезентативниот бек повторно ќе биде интернационалец бидејќи неодамна потпиша договор со романскиот тим Плоешти.

„Трениравме напорно еден месец, се посветивме професионално за да ги поминеме овие претквалификации и се надевам дека ќе ја остваривме нашата цел. Се соочуваме со репрезентации кои постојано вложуваат во нивните домашни лиги и се желни за успех.

Првиот натпревар е против екипата на Швајцарија, одлична репрезентација која игра брза кошарка. Треба да бидеме максимално фокусирани, да го контролираме ритамот на играта, скокот и да го искористиме домашниот терен најдобро што знаеме“, рече новиот играч на Плоешти.

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Рајков со убедливи 5-0 го донесе единствениот македонски успех во Загреб

Кирил Рајков го совлада Словенецот Алекс Вас на „Загреб опен“. Од тројцата македонски бокс…