Промената на форматот во Лигата на шампионите изгледа е неминовна. Во последно време се почесто се зборува за големи промени во ова елитно натпреварување, а од 2024 година работите ќе бидат поинакви.
Претседателот на Европската Асоцијација на Клубови, Андреа Ањели изрази желба учесниците да играат повеќе меѓународни натпревари. Според пишувањето на реномираниот француски медиум „Л’Eкип“ , бројот на учесниците на групната фаза ќе остане непроменет, но ќе се зголеми бројот на натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вкупно 32 тима ќе бидат поделени во четири групи од по осум екипи што значи дека секоја екипа која ќе се пласира во групата ќе одигра најмалку 14 натпревари.
По четири првопласирани екипи од секоја група би се пласирале во осминафиналето, а освен тоа и автоматски би избориле учество во наредната сезона од Лигата на шампионите.
Новост е што клубовите повеќе не би испаѓале во Лигата на Европа, туку би разигрувале за учество наредната сезона во Лигата на шампионите. Четирите петопласирани тимови би имале обезбедено место за наредната сезоната. Шестопласираните и седмопласираните екипи би играле двомеч после кој ќе биде одлучено кој ќе има место и наредната година. Поразените тимови во овие натпревари би играле во Лигата на Европа следната сезона.
Последниот тим во групата (осмопласираниот) би добил само загарантиран влез во квалификациите за Лигата на Европа наредната сезона.