Барселона успеа да триумфира против Веспрем со 31-28 и така ја запиша првата победа сезонава во групната фаза на Лигата на шампиони.

Барселона добро го почна натпреварот, па успеваше да одржи разлика од два гола неколку минути (6-4), но екипата на нашиот репрезентативец Дејан Манасков заигра подобро и стигна до водство (9-10).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во продолжение од средбата Барселона ја контролираше играта, па на крајот триумфираше со 31-28.

Манасков не успеа да постигне ниту еден гол и помагаше на одбраната, а Каспер Мортенсен постигна седум гола на натпреварот.

Возбудлив натпревар беше одигран и помеѓу Кјелце и Рајн-Некар, а на крајот победија домаќините со 35-32.

Рајн-Некар подобро ја отвори средбата, па имаше одлична предност до средината на првото полувреме, а во еден момент стигнаа и до плус пет (6-11), но на полувремето заминаа со нерешен резултат (17-17).

Домаќините подобро ги отворија вторите 30 минути, па поведоа со три гола разлика, а потоа следуваше голем пресврт на Рајн Некар и водство од 27-30. Сепак, Кјелце не дозволи изненадување и тргна пожестокот во финишот, па заслужено триумфираше со 35-32.

Нашиот репрезентативец Филип Талески не постигна погодок на натпреварот, додека најефикасни кај Кјелце беа Алекс Душебаев и Лука Циндриќ со по пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…