Дома Фудбал Лунин доби совет на која страна ќе шутира Ковачиќ

Лунин доби совет на која страна ќе шутира Ковачиќ

Реал Мадрид на пенали го исфрли бранителот на титулата Манчестер Сити во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

По 3:3 во Мадрид и 1:1 во Манчестер, екипите победникот го решија по изведување на пенали. Лука Модриќ не беше прецизен за Реал во првата серија, додека Бернардо Силва и Матео Ковачиќ не ги реализираа обидите за Сити во втората и третата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Херој на победата на Реал стана Андриј Лунин, кој на натпреварот одбрани шест удари на играчите на Сити од сопствениот шеснаесетник, а потоа и два од белата точка. По мечот изјави дека Реал вежбал пенали и дека „Лука Модриќ му помогнал со совети“ и дека „знаел каде ќе шутира Ковачиќ“. Му помогна и Антонио Рудигер.

Интересен момент уловија камерите токму кога Лунин го одбрани ударот на Ковачиќ. Пред хрватскиот играч за врска да го изведе пеналот, Рудигер, кој долго време му беше соиграч на Ковачиќ сугерираше на која страна ќе шутира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …