Младиот словенечки кошаркар после уште еден фантастичен настап ја покажа својата човечка големина.
Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ има само 20 години, а веќе прераснува во една од најголемите ѕвезди на НБА лигата. На гостувањето на Маверикс во Лос Анџелес кај
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клиперси Дончиќ оствари учинок од 28 поени, 10 скокови и асистенција, но она што го направи после натпреварот и уште поголемо.
Дончиќ после натпреварот ги соблече своите патики ги потпиша и ги подари на едно болно момче со што ги воодушеви Американците.
A beautiful moment in LA as @luka7doncic gifts out his #NBAKicks! #ThisIsWhyWePlay pic.twitter.com/4QLBOzPDd7
— NBA KICKS (@NBAKicks) February 26, 2019
Ќе потсетиме неодамна беше одржан „Ол-Стар“ викендот на кој за жал Дончиќ не беше дел од главниот натпревар и играше во натпреварот на ѕвездите во подем. За многумина ова е една од најголемите неправди во НБА лигата. Посебно таквите тврдења добиваат на сила ако се знае дека Дончиќ од фановите освои повеќе од четири милиони гласови.
Тогаш во медиумите се појавија три можни причини зошто Дончиќ не доби шанса да настапи на „Ол-Стар“ натпреварот.
1. Американците не можеа да дозволат еден тинејџер од Европа да биде сензација
2. Бидејќи е ова негова прва сезона за Американците по атрактивно е да го предводи тимот на светот против Американците.
3. Резултатски гледано игра во еден од најлошите тимови во лигата
Како и да е ова се само претпоставки и се надевам дека наредната година Словенецот ќе биде дел од главниот настан на „Ол-Стар“ викендот.