Најталентираниот европски кошаркар Лука Дончиќ беше избран како трет пик на НБА драфтот и кариерата ќе ја продолжи во Далас Маверикс.
Дончиќ како трет пик го бираше Атланта, која веднаш во трејд го испрати во Далас, додека во спротивен правец пристигна петтиот пик Тре Јанг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фантастичниот Дончиќ кој со Реал Мадрид ја освои Евролигата и ги собра сите индивидуални награди во Европа, ќе биде дел од тимот каде со години главна ѕвезда е легендарниот Дирк Новицки, па би можел да биде наследник на славниот Германец.
Како прв пик на драфтот е избран Деандре Ајтон кој замина во Феникс санс, додека втор пик беше крилниот центар Мервин Бегли, кој го засили составот на Сакраменто кингс.
We got a good one! ??#MFFL #MavsDraft18 pic.twitter.com/D97JgctsJu
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) June 22, 2018