Дома Фудбал Англија Лукаку: Јас се докажав, очекувам повеќе почит…

Лукаку: Јас се докажав, очекувам повеќе почит…

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку смета дека по се што направил во досегашната кариера, а тука пред се’ се мисли на бројот на постигнати погодоци, заслужи далеку поголемо почитување, но исто така е свесен зошто тоа не е така.

Белгискиот голгетер постигна 22 погодоци за „Црвените ѓаволи“, што е број на погодоци кој го почитува во речиси секоја сезона во досегашната кариера од кога игра на највисоко ниво.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Почнав да играм фудбал на 16 години. Од година во година луѓето очекуваат од мене повеќе од 20 погодоци. Тоа го правам веќе 10 години, така што мислам дека се докажав. Очекуваш малку повеќе почит, но тоа е ситуација во која се наоѓаме. Не ги слушам тие приказни, само се трудам да напредувам и да покажам на луѓето што се можам на теренот“, истакна Лукаку за британските медиуми.

Фантастичниот голгетер вчера го постигна првиот гол против тимовите од првите шест позиции на табелата.

„Додека победувам и го водам својот тим во победи ќе бидам задоволен. Далечен е патот пред мене, постојат многу големи играчи со кои би сакал да се изедначам. Амбициозен сум и секојдневно ќе работам за победа на својот тим. Не размислувам за себеси“.

Кога пристигна изминатото лето, покрај Јунајтед го посакуваше и Челзи. На „Стемфорд Бриџ“ пред неколку години не доживеа баш убаво искуство.

„Не жалам поради ова. Кога ќе одлучам, тоа го правам и со глава и со срце. Сам одлучив, а како што гледате се наоѓам во добра состојба. Работам со менаџерот кој ме бодри секој ден. Предизвик е да дојдеш овде и да освоиш нешто што посакуваш. Уште сме во битка во две натпреварувања. Не е лесно, ама е убав предизвик“, истакна Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…