Иднината на Ромелу Лукаку се уште е неизвесна. Јасно е дека за него нема повеќе место во Челзи, но Белгиецот не може да си најде нов клуб.
Интер дефинитивно се откажа од него откако Лукаку почна преговори со Јувентус. Меѓутоа, „бјанконерите“ не можат да го донесат доколку не го продадат Впаховиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лукаку го губи трпението и сака што поскоро да си најде нов клуб, а негова најголема желба е да се врати во Серија А.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Лукаку сега му се понудил на Милан и дека е спремен да ја намали својата плата за да се врати во Милано.
Меѓутоа, „росонерите“ се заинтересирани за млад напаѓач, кој ќе може да биде алтернатива за Жиру.