Рекордерот по постигнати голови за Белгија, Ромелу Лукаку се надева дека репрезентацијата ќе продолжи со одличните игри во плеј-офот од Лигата на нации.
„100 натпревари во репрезентацијата се нешто за што сонуваш уште како дете. Имам 28 години, а веќе 12 години сум дел од националниот тим и во секој меч сакам да победувам. Мојата најголема желба е да освојам турнир со репрезентацијата“, изјави Лукаку.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во последните години играме добро и очекувањата се високи. На Светското првенство во 2018 година се претставивме многу добро, но сега во Лигата на нациите треба да одиграме навистина добро, за да може да бидеме во врвна форма за следното Светско првенство“, додаде Белгиецот.