Ромелу Лукаку во натпреварот против Борусија Менхегладбах ситгна до нов рекорд.
Одличниот белгиски напаѓач беше стрелец на два гола, но тоа не му помогна премногу на Интер затоа што натпреварот против Борусија заврши без победник 2:2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лукаку ги постигна двата гола за Интер и со тоа успеа да постигне барем по еден гол во деветтиот европски натпревар на Интер во низа. Вакво нешто претходно не му успеало на ниту еден друг на играч на клубот од Милано.
Сметајќи ги натпреварите од минатата сезона во Лига Европа и Лигата на шампионите Лукаку постигна 11 гола.
Инаку, Белгиецот одлично ја започна и новата сезона во Серија А и до сега има четири гола од исто толку натпревари.