Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку се огласи преку социјалните мрежи откако во медиумите се појави информација дека имале расправија со Погба после натпреварот против Саутемптон.
Црвените ѓаволи во тој натпревар го поразија Саутемптон со 3:2 со пресврт, а јунак на натпреварот беше токму Лукаку.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, островските медиуми пренесоа информација дека Белгијанецот имал вербална расправија со Погба после натпреварот бидејќи не бил среќен што Французинот одлучил да го изведе пеналот во судиското продолжение.
На Лукаку очигледно тешко му паднале овие обвинувања и одлучи да демантира преку Твитер.
„Кога омразата повеќе не функционира, тогаш почнете да зборувате лаги…“ – напиша Лукаку.
Инаку, пред Јунајтед е важен натпревар во ЛШ против ПСЖ и сигурно на тренерот Солскјер не му требаат вакви ситуации во овој момент.