Дома Фудбал Италија Лукаку за прв пат се огласи после расистичките навреди против Каљари

Лукаку за прв пат се огласи после расистичките навреди против Каљари

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку неодамна пристигна во Италија, а веќе беше мета на расисти.

Него расистички го навредуваа во текот на натпреварот помеѓу Каљари и Интер на Сардинија. Тој за жал не е ниту прва и тешко дека ќе биде последна жртва на расистички навреди, но Лукаку најави борба заедно со Интер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Можам да зборувам малку италијански, но мојот вокабулар не е толку добар, па на италијански ќе ви зборувам за три недели“, изјави 26 годишниот напаѓач и продолжи:

„Пред се спортска одлука беше да се дојде тука бидејќи Интер е клуб за кој сакав да играм. Исто така важен ми беше и тренерот. Знаев дека се работи за голем клуб. Исто така мојот брат Џордан е долго во Италија, игра за Лацио и тој е една од причините што сум тука“.

„Навивачите кои ги имаме се одлични. Убаво е да се биде во клуб кој има полн стадион навивачи“.

За борбата против расизмот…

„Мислам дека тоа е голема иницијатива на клубот. Ако сакаат да помогнам би сакал да го направам тоа, но во овој момент сум насочен кон игрите на теренот. Само сакам да им помогнам на моите соиграчи да победуваме. Фудбалот е интернационален и мултикултурен, па ако сакате да ги привлечете најдобрите играчи во светот морате да ги обезбедите. Навистина е важно никој да не биде дискриминиран“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…