Дома Трансфер зона Лукаку веќе кажал „да“: Трансферот пред реализација

Лукаку веќе кажал „да“: Трансферот пред реализација

Ромелу Лукаку игра променливо, но оваа сезона е одличен, на 18 натпревари досега постигна дури 11 голови, постигнувајќи гол на секои 136 минути во текот на сезоната, а според последните информации наскоро би можел да ја напушти Рома.

Голем интерес за Лукаку има од Саудиска Арабија од каде што нудат милионски суми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес за неговите услуги подолго време има од Арапскиот Полуостров, а тој наводно ја прифатил понудата.

„Веќе им кажав на навивачите на Рома дека заминувањето на Лукаку е сигурно. Што се однесува до Јувентус, таа опција не возможна во овој момент, бидејќи Лукаку веќе кажа „да“ на милионската понуда од Саудиска Арабија“, изјави италијанскиот новинар Фабио Сантини

Лукаку има 30 години и во овој момент е фудбалер на Челзи, додека во Рома е како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…