Дома Фудбал Англија Лукаку: Бројот девет го побарав од Ибрахимовиќ

Лукаку: Бројот девет го побарав од Ибрахимовиќ

Манчестер Јунајтед денес и официјално потврди дека Ромелу Лукаку е нов фудбалер на екипата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лукаку по четири сезони минати во Евертон одлучи да го промени клубот и кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“ иако се зборуваше дека големи се шансите да се врати во Челси. Меѓутоа, Белгиецот смета дека пристигнал во најдобриот клуб на светот и едноставно не можел да го одбие позивот на Жозе Мурињо.

Новиот напаѓач на „Црвените ѓаволи“ веќе го избра бројот кој ќе го носи на дресот на Јунајтед, а во прашање е деветката. Познато е дека минатата година овој број го носеше Златан Ибрахимовиќ, па Лукаку од шведскиот напаѓач побарал одобрение да го земе овој број.

„Го прашав за деветката бидејќи сум напаѓач и тоа е нивен број. Убав број е и признавам дека барав одобрение од Златан за тој број. Сакам да му се заблагодарам што ми дозволи да го носам тој број на грбот“, истакна Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…