Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез нема да биде на располагање на својата селекција за предстојните натпревари, потврдија од Барселона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Суарез доживеа лесна повреда на коленото поради која некое време ќе биде надвор од терените, а од Барселона порачаа дека во наредните денови ќе му бидат направени детални прегледи.
Не е прецизно утврдено колку Суарез ќе паузира, но за сега е сосема јасно дека нема да игра за Уругвај на пријателските натпревари против Јужна Кореја и Јапонија.
Суарез новата сезона не ја отвори на најдобар можен начин, бидејќи на 11 натпревари постигна само три погодоци во сите натпреварувања.