Дома Трансфер зона Суарез во овој преоден рок не потпиша за Јувентус поради две причини

Суарез во овој преоден рок не потпиша за Јувентус поради две причини

Иако работите изгледаа поинаку, Луис Суарез и оваа сезона најверојатно ќе остане во Барселона ,а наредното лето ќе го напушти „Камп Ноу“ како слободен играч.

Роналд Куман му порача на Суарез пред неколку недели дека нема да смета на него и дека може да бара нов клуб. Уругваецот многу се поврзуваше со Јувентус меѓутоа сега е јасно дека од тој трансфер нема да има ништо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Барселона сега и го променија мислењето и одлучија Суарез да остане на располагање на Куман. Иако пред неколку дена тој го положи тестот за италијански јазик со цел да добие пасош трансферот нема да се реализира.

Јувентус сака Суарез да добие италијански пасош за да не мора да биде регистриран како странец, но процедурата не оди така лесно и брзо. Тој го положи тестот за познавање на италијански јазик но новиот пасош би требало да го добие на почетокот на наредната година додека помина целата процедура.

Поради тоа во Јувентус сфатија дека не е баш најдобро да го доведат Џеко и се свртеа кон Един Џеко. Исто така Суарез немаше да може да биде регистриран за првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите без италијанскиот пасош бидејќи местата за странци во клубот за најелитното европско натпреварување се пополнети.

Како причина што не се реализирал трансферот медиумите на Апенините го наведуваат и тоа што Андреа Пирло сметал дека Џеко подобро може да се вклопи во неговиот систем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…