Дома Трансфер зона Луис Енрике ја напушта Шпанија по Мундијалот, новиот клуб може да биде големо изненадување

Луис Енрике ја напушта Шпанија по Мундијалот, новиот клуб може да биде големо изненадување

По завршувањето на Светското првенство во Катар, Луис Енрике би можел да ја напушти шпанската репрезентација.

Шпанскиот весник „Ел Конфиденсијал“ пренесува дека Енрике ќе ја раскине соработката со Шпанската фудбалска федерација по Светското првенство, а потоа ќе биде назначен за нов тренер на Атлетико Мадрид, со што ќе се стави крај на долгогодишната авантура на Диего Симеоне.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во ноември 2019 година, Луис Енрике по втор пат стана селектор на шпанската репрезентација. Со неа досега има учествувано на еден голем турнир. За време на ЕУРО 2020, неговиот тим стигна до полуфиналето. За неколку недели ќе ја води селекцијата и на Светското првенство во Катар.

Но, без разлика на резултатот, Енрике најверојатно ја напушта „Фуријата“ и неговиот договор кој истекува во декември изгледа нема да биде продолжен.

Засега најреална опција е неговото доаѓање на „Ванда Метрополитано“ како замена за Симеоне, чиј Атлетико разочара сезонава – испадна во групната фаза од Лигата на шампионите и првпат по 12 години нема да игра во нокаут фазата на европските натпреварувања, а по 13 кола во Ла Лига веќе заостануваат осум бода зад вториот Реал Мадрид и дури 10 зад лидерот Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…