Дома Фудбал Останато Луд финиш во Париз: Икарди во 95-та му донесе победа на ПСЖ🎥

Луд финиш во Париз: Икарди во 95-та му донесе победа на ПСЖ🎥

Пари Сент Жермен и Сент Етјен одиграа луд натпревар во Париз, а како победник излезе ПСЖ со гол во последната секунда (3:2).

Првото полувреме беше мирно и ништо не навестуваше дека ќе има „пеколна“ завршница.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


ПСЖ ја контролираше играта и создаваше шанси, се до 77-та минута кога Сент Етјен ги шокира „светците“ со голот на Денис Буанга. Само една минута подоцна Мбапе израмни на 1:1.

Во 88-та минута беше досуден пенал за ПСЖ и сигурен реализатор беше Мбапе, па се очекуваше тоа да биде конечен резултат кога судијата покажа 5 минути продолжение.

Сепак, во 92-та минута шок за парижаните, откако Хамоума погоди за 2:2. Буквално во последната секунда Икарди му донесе победа на ПСЖ од 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…