Утрово од Мелбурн пристигнаа нови вести, а тоа е дека Министерот за емиграција ја поништи одлуката на судот и му ја одзема визата на Ѓоковиќ.
Во ваква ситуација значи дека Ѓоковиќ нема да може да игра на Австралија Опен. Меѓутоа постои и една опција. Имено, според последните информации од адвокатскиот тим на Ѓоковиќ, жалбата е веќе спремна на оваа одлука и таа ќе биде доставена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дека има намера да оди до крај најави и таткото на Ѓоковиќ на прес-конференција пред неколку дена кога и на прашање на новинарите за ваква ситуација каква што се случи одговори дека Ѓоковиќ би поднел жалба.
Жалбената постапка може да трае 28 денови, а тоа значи дека Ѓоковиќ би можел од притвор да игра на Австралија Опен. Сепак постои ризик и тука затоа што ако неговата жалба биде одбиена автоматски добива казна од три години за влез во Австралија.