Дома Фудбал Останато Лудо: Газдата на Порто плаќа 180.000 евра годишно за – гатачка!?

Лудо: Газдата на Порто плаќа 180.000 евра годишно за – гатачка!?

Екипата на Порто се најде во контроверзна ситуација откако португалската „Абола“ објави дека клубот ангажирал извесна Мадалена Аросо.

Аросо официјално била заведена како докторка, меѓутоа информациите на медиумите зборуваат нешто сосема друго. Таа била ангажирана директно од претседателот Жорж Нуно Пинто да Кошта пред пет месеци и тоа со месечна плата од 15.000 евра, што на годишно ниво изнесува скоро 180.000 евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Целата ситуација изгледаше чудно затоа што една докторка била најплатена во клбуот несметајќи ги фудбалерите и стручниот штаб. Објавени се информации дека Аросо всушност била жена која може да ја предвиди иднината и резултатите на клубот.

Ќе потсетиме, во 2017 годино Порто ја обвинуваше Бенфика дека лутиот ривал ангажирал лица кои со магија ги спречиле да ја освојат титулата. Таа година Бенфика покрај првенството го освои и купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…