Eрик Teн Хаг наскоро би можел да си замине од Манчестер Јунајтед, а интересно е што сега откако претходно се шпекулираше за неговите наследници, сега се најавува и кој би можел да биде новиот тим кој ќе го преземе.
Легендарниот фудбалаер и новинар, Јан Аге Фјорфт тврди дека Тен Хаг не би чекал долго ако добие отказ во Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Холанѓанецот би можел да ја преземе клупата на Борусија Дортмунд каде што не се задоволни од работата на Един Терзиќ, иако овој тим заврши како лидер во групата од ЛШ со ПСЖ, Милан и Њукасл.
Тен Хаг има искуство во Германија каде што работеше како тренер на вториот тим на Баерн од каде што го преземе Утретех. Исто така таму соработуваше со Матијас Самер кој денес е во раководството на Борусија Дортмунд како советник.