Дома Фудбал Англија Луда идеја: Натпреварите во Премиер лигата да траат помалку од 90 минути

Луда идеја: Натпреварите во Премиер лигата да траат помалку од 90 минути

Извршниот директор на Здружението на професионални фудбалери на Англија (ПФА) Гордон Тејлор изјави дека доколку сезоната продолжи, натпреварите може да сеиграат со скратено време.

Тој информира дека се разгледувала опцијата едно полувреме да трае помалку од 45 минути бидејќи фудбалерите биле „загрижени за својата безбедност“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тие не се глупави. На прво место ќе ја стават безбедноста“, изјави Тејлор за радиото „Би-Би-Си 4“.

За комплетирање на сите натпревари пред 2 август, заради препораките на УЕФА, за преостанатите кола ќе бидат потребни седум недели. Во овој период се планира да се заврши и ФА Купот. Така, беше решено да се утврди 19 јуни како краен рок за продолжување на националното првенство.

Ако натпреварите не продолжат пред овој датум, тогаш може да се објави предвременото прекинување на првенството на Англија. Претходно, сите клубови во Премиер лигата изразија желба да ја завршат тековната сезона со дозвола на надлежните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…