Денес во 20:00 часот беше одиграно финалето во Купот на Македонија помеѓу битолски Пелистер и новиот шампион во домашното првенство Шкендија.
Шкендија беше фаворит и пред почетокот на натпреварот, а на крајот и оправда фаворитската улога.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На стадионот во Струмица имаше навистина тешки услови за игра поради силните врнежи од дожд.
Тетовци први стигнаа до предност во 20 минута со голот на поранешниот фудбалер на Вардар, Висар Муслиу. Иако имаше и уште по некоја шанса тоа беше и единствениот гол кој го видовме во првиот дел.
Бесар Ибраими ја продолжи одличната форма од првенството и веќе на стартот од вториот дел погудува за 0:2 и во тој момент веќе стана јасно дека Шкендија е блиску до трофејот во купот.
Точка на натпреварот стави Муслиу со вториот гол во 72 минута од натпреварот.
Иначе ова беше прва двојна круна за Шкендија (освоено домашно првенство и куп).