Македонската ракометна репрезентација беше поразена од Чешка (27:25) во 2-то коло од ЕП, иако на полувреме имаше предност од два гола.
Мечот започна неизвесно, гол за гол, Чесите поведоа со 3:2, но Македонина брзо возврати, па во 10-та минута резултатот беше израмнет 5:5.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После неколку промашувања на двете страни, Македонија дојде до водство кое го одржуваше се до самиот крај на полувремето кога на одмор заминавме со два гола предност 11:9.
Лошо го отворивме второто полувреме, имавме проблеми во нападот, па Чешка ја анулираше предност после само три минути игра, а во 36-та минута веќе направија три гола разлика (12:15).
Потоа капитенот Лазаров ја врати репрезентацијата на само еден гол негатива со два брзи гола. Меѓутоа Чесите лесно наоѓаа простор во нападот и брзо погодуваа, а нашите ракометари немаа решение за расположениот Галија.
Чесите ја одржуваа предноста и во последните десет минути влегоа со четири гола предност. Потоа следеше период во кој Македонија направи серија од 4:0 и израмнување на 22:22.
Во последните пет минути се играше гол за гол, но ние не реализиравме два напади, а Чешка тоа го искористи за конечна победа од 27:25.
Кире Лазаров беше најефикасен на мечот со 11 гола, но играч на мечот беше чешкиот голман Мартин Галија со 14 одбрани.