Дома Фудбал Лоши вести за Франција: Им се повредија двајца играчи! 🎥

Лоши вести за Франција: Им се повредија двајца играчи! 🎥

Франција вчера со ремито 2:2 против Португалија во Будимешта обезбеди 1/8 финале каде што ќе игра против Швајцарија.

Меѓутоа од таборот на Франција денес пристигнуваат лоши вести. Како што информираат новинарите во неколку минути на тренингот се повредиле двајца репрезентативци. Во прашање биле Маркус Турам и Томас Лемар.

Посебно настрадал Лемар кој морал со помош на докторите да го напушти тренингот.

Засега не е познато дали двајцата ќе бидат во комбинација за следните натпревари на актуелниот светски шампион. Најавите се дека повредите не се наивни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан бара столб за одбраната: Инасио е прва желба, цената е пречка

Капитенот на Спортинг е на врвот на јануарската листа на Милан, но „росонерите“ разгледува…