Дома Фудбал Англија Лоши вести за навивачите на Ливерпул по денешното дерби

Лоши вести за навивачите на Ливерпул по денешното дерби

Jирген Клоп после денешното реми со Евертон соопшти лоши вести за навивачите.

Ван Дајк се повреди во првото полувреме од овој натпревар, а повреда изгледа заработил и Тијаго Алкантара.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Не е добро. Ван Дајк ми кажа дека од болка не можел да згази на ногата. Покрај него, Тијаго ми се пожали дека стравува дека е повторно повреден после судирот со Ричарлисон. Ќе видиме колку е сериозно, но сигурно чувствуваше нешто штом ми го кажа тоа. Еден играч изгубивме поради ВАР, а вториот во ситуацијата со црвениот картон. На сето тоа во финишот ни беше поништен и гол, денес не беше наш ден“, изјави Клоп.

Ливерпул како и останатите тимови го чека жесток распоред и во наредните 20 дена ќе одигра шест натпревари, до 8. ноември кога е новата репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Саутгејт: Англија остана без еден голман за Европското првенство

Голманот на Кристал Палас, Сем Џонстон нема да може да конкурира за репрезентацијата на Ан…