Најдобриот напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн се здоби со сериозна повреда за време на натпреварот против Саутемптон.
Спарси во средата беа поразени со 1-0, но ова не е најлошото нешто за Мурињо, бидејќи во истиот натпревар се повреди одличниот напаѓач и го напушти теренот пред време.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Англиските медиуми објавија дека Кејн веројатно ќе паузира подолго време и дека, меѓу другите, ќе ги пропушти и натпреварите со Лајпциг во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Освен тие дуели, англискиот репрезентативец ќе ги пропушти и дуелите со Ливерпул, Ватфорд, Норвич, Манчестер Сити и Астон Вила во Премиер лигата, и дуелот со Мидлзборо во третото коло од ФА Купот.