Дома Фудбал Италија Лоши вести за Интер, Лукаку се повреди пред дербито со Милан

Лоши вести за Интер, Лукаку се повреди пред дербито со Милан

Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку се повреди и нема да биде на располагање за дербито со Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голгетерот кој летово се врати од Челзи, се здобил со мускулна повреда, па утре ќе оди на дополнителни прегледи за да се знае колку долго ќе отсуствува од терените.

Со сигурност Лукаку ќе ги пропушти дуелите со Кремонезе во вторник и дербито со Милан во сабота.

Во Интер се надеваат дека Лукаку ќе може да се опорави за мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампиони, кој се игра на 7 септември на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На натпреварот меѓу САД и БиХ се случи една од најнеобичните ситуации во историјата на фудбалот (Фото)

Репрезентативецот на Соединетите Американски Држави, Фоларин Балогун, испиша една од најне…