Лоши вести пристигнуваат за Реал Мадрид и Зинедин Зидан.
Како што пренесуваат шпанските медиуми еден од најважните играчи на „кралевите“ од средината на теренот Тони Крос го повредил коленото и е под знак прашалник за реваншот против Пари Сен Жермен во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тестовите кои ги направивме покажаа дека Тони Крос има истекнување на лигаментите на левото колено. Не можеме да кажаме кога 100% ќе биде спремен“, соопштија од лекарскиот тим на Реал Мадрид.
Оваа вест прилично ги изненади сите фанови на Реал Мадрид бидејќи Германецот сосема нормлано го заврши натпреварот против ПСЖ и ги одигра сите 90 минути, покрај тоа според „BBC“ беше играч на мечот.
Во случај да се работи за посериозна повреда и тој да не биде во можност да настапи на реваншот во Париз сигурно дека тоа ќе биде голем проблем за „кралевите“.