Дома Фудбал Лоши вести за Дортмунд: Заврши сезоната за Ројс?

Лоши вести за Дортмунд: Заврши сезоната за Ројс?

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, нема да може да учествува на натпреварот од 27-то коло на германското првенство против Волфсбург, поради повреда на бутен мускул, објави „Билд“.

Според германскиот весник, 30-годишниот Ројс, исто така ќе го пропушти големото дерби со Баерн Минехн на 26 мај, а голема е веројатноста фудбалерот да го пропушти остатокот од сезоната.

 Во досегашниот дел од сезоната Ројс одигра 26 натпревари за Борусија, постигна 12 голови и запиша шест асистенции.

Отсуството на Ројс ќе биде голем хендикеп за „милионерите“ кои се борат за титулата во Германија со Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанскиот фудбал пред пауза: Се бара одложување по смртта на Де Мигел

Здружението на шпанските фудбалери побара запирање на натпреварите по трагедијата на мечот…