Дома Фудбал Лоши вести за Баерн пред натпреварот против Барселона

Лоши вести за Баерн пред натпреварот против Барселона

Баерн Минхен одлично ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите го победи Интер на гости со 0:2, сега ги чека натпревар против Барселона.

Пред овој натпревар баварците се соочија со проблем. Германскиот клуб се огласи и потврди дека Кингсли Коман се повредил на еден од тренинзите пред мечот со Штутгарт.

Деталните прегледи на Французинот веднаш биле направени и се покажало дека станува збор за напукнат мускул на десната натколеница.

Проценката е дека опоравувањето ќе трае и до неколку недели, па негово враќање може да се очекува после репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…