Дома Фудбал Лоша вест за Арсенал: Се повреди Сака

Лоша вест за Арсенал: Се повреди Сака

Репрезентацијата на Англија освен што беше изненадена во овој натпревар го загуби и Букајо Сака, а тоа е лоша вест и за Микел Артета.

Крилниот фудбалер на Арсенал беше принудно заменет во 51. минута поради повреда на задната ложа и на негово место во игра влезе Нони Мадуеке.

Селекторот Ли Карсли по натпреварот ја потврди повредата на Сака.

„Во акцијата на Грција за првиот гол, можеше да се забележи дека Сака почувствува нешто во ногата и побара замена“, изјави Карсли.

Засега не е познато од каков карактер е повредата и би можел да паузира подолг период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шести гол во кариерата, а веќе ремек-дело: Фајад погоди со ножички за Хајдук!

Калил Фајад блесна со акробатски погодок и асистенција во ремито на Хајдук против Истра, п…