Дома Трансфер зона Лотито откри: Одбивме „безобразна“ понуда за СМС

Лотито откри: Одбивме „безобразна“ понуда за СМС

Ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ова лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а претседателот на Лацио откри дека одбил непристојна понуда за Србинот.

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито откри дека на еден ден пред затворањето на трансфер пазарот одбил голема понуда за Милинковиќ-Савиќ и дека тоа го направил бидејќи немало време да најде адекватна замена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имав договор со тренерот дека нема да го продадам во текот на ова лето. Добивме навистина голема понуда за него на последниот ден пред да се затвори пазарот, имавме план за негова замена, ама немавме доволно време“, открива Лотито.

„Не сакам да споменува суми, ама можам да кажам дека беше непристојна понуда која ниту еден клуб во Италија не би ја одбил. Тоа можам слободно да го кажам без да бидам лицемер. Јас не работам за пари, сакам да ги надминам предизвиците. Ќе видиме дали сум бил во право или не во однос на тоа што го направив. Можев да го продадам за многу пари, но тоа не го сторив“, додаде претседателот на Лацио.
Лотито не го откри клубот кој ја доставил понудата, а се претпоставува дека станува збор за ПСЖ кој понудил 120 милиони евра за Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …