Јулен Лопетеги ова лето на големо изненадување пристигна на кормилото на Реал Мадрид и одлично ја отвори сезоната во Примера со три победи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Лопетеги ова лето остана без најдобриот фудбалер во тимот, Кристиано Роналдо за кого не беше донесена адекватна замена. Меѓутоа, шпанскиот стратег му даде повеќе простор на Бејл и Асенсио.
Сепак, Лопетеги смета дека му се потребни засилувања за следната сезона, а репрезентативната пауза ја искористи да „врбува“ едно.
Имено, Лопетеги во хотелот „Јитман“ во Мадрид имал разговор со својот поранешен играч од Порто и мексикански репрезентативец Хетор Ерера.
Шпансккиот тренер одлично го познава Ерера и сака да го донесе во „кралскиот“ клуб. Добра вест за Реал е што Мексиканецот на крајот на сезоната ќе биде слободен агент и може да пристигне без обештетување.