Дома Фудбал Англија Лондонско дерби со сите „нишани“: Пресврти, картони и победа на Арсенал (видео)

Лондонско дерби со сите „нишани“: Пресврти, картони и победа на Арсенал (видео)

Арсенал и Тотенхем одиграа фантастичен натпревар со два пресврти и шест гола, а трите бодова на крајот останаа на „Емирати“.

Арсенал одлично го отвори натпреварот и рано дојде до водство со голот на Обамејанг од пенал во 10-та минута. „Топџиите“ во тој период можеа и да ја зголемат предноста, но казната за промашените шанси стигна во 30-та минута преку Даер.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Само четири минути подоцна судијата досуди сомнителен пенал за „спарси“, а сигурен реализатор од белата точка беше Кејн за 2:1: резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Арсенал направи комплетен пресврт и стигна до заслужена победа. Најпро израмни Обамејанг, а потоа Лаказет и Тореира погодија за конечни 4:2.

Тотенхем остана со играч помалку во 85-та минута кога Вертонген заработи втор жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Потврдено едно заминување од Манчестер Јунајтед

Францускиот напаѓач Антони Марсијал (28) ќе го напушти Манчестер Јунајтед по истекот на не…