Дома Фудбал Англија Ловрен открива како се казнува себе си за грешките

Ловрен открива како се казнува себе си за грешките

Дејан Ловрен призна дека се уште не може да си прости од грешката која ја направи на „Енфилд“ минатиот викенд која Ливерпул го чинеше победа против Тотенхем (2:2).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Кога така ќе погрешам, самиот себе сум си најголем критичар. Секогаш се казнувам себе си на ист начин – само молчам и не разговарам со никого и тоа со денови“, изјави Хрватот за „Скај Спорт“ и додаде:

„Не размислувам за мислењето на другите. Важно ми е само што тренерот мисли за мене бидејќи само тој е овластен да ме критикува. Доколку има позитивни коментари, тогаш сигурен сум дека сум еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата“, изјави Ловрен кој потоа зборуваше за гостувањето во Саутемптон.

 

„Сигурно ќе биде малку чудно, ќе играм со измешани емоции. Пречекот не ме загрижува, поминав убаво време во Саутемптон и секогаш ќе им бидам благодарен“, посебно на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…