Ливерпул и Манчестер Сити водат голема борба за титулата во англиската Премиер лига.
Тимот од „Енфилд“ во петокот стигна до победа против Саутемптон на гостински терен со резултат 3:1 и така повторно го превзема врвот на табелата во Премиер лигата со 82 освоени бодови, додека „граѓаните“ се второпласирани со 80 бодови, но и натпревар помалку.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изгледа дека во тимот на Ливерпул владее одлична атмосфера ,а хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен се потруди таа атмосфера уште малку да ја подигне.
Ловрен е добар пријател со Мохамед Салах, овие двајца често пати објавуваат интересни видеа и слики на социјалните мрежи.
На последната снимка во која ја објави Ловрен тој прикажува еден човек кој многу наликува на Мохамед Салах.
„Сакаше малку време за себе па го зема својот велосипед после натпреварот во Саутемптон и за рекордно време стигна во Ливерпул (11 часа и 52 минути)“, напиша Ловрен на својот Инстаграм профил.