Дома Трансфер зона Листа на „отпишани“: Веќе се знаеме кого нема да гледаме во Реал следната сезона

Листа на „отпишани“: Веќе се знаеме кого нема да гледаме во Реал следната сезона

Зинедин Зидан во понеделник би требало да ја соопшти одлуката дали наредната сезона ќе биде тренер на Реал Мадрид.

Во медиумите некое време се пишува за можно заминување на Зидан, но до сега нема потврда од некоја од двете страни. Може да се прочита и за имињата кои би можеле да го наследат, најмнгу се споменува Масимилијано Алегри.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради кризата која ја создаде коронавирусот финансиската ситуација во Реал како и во многу други клубови не е баш најдобра. Сепак, тоа веројатно нема да го спречи Перез да доведе барем едно звучно засилување ова лето.

Во овој момент познато е дека Давид Алаба скоро сигурно ќе дојде во Мадрид како слободен играч. Голема желба е Килијан Мбапе, се поврзуваше Реал и со Халанд, но тоа се тешки мети.

Исто така се очекуваат некои од искусните играчи да си заминат. Не е сигурно дали наредната сезона во белиот дрес ќе ги гледаме Рамос, Марсело и Лука Модриќ. На трансфер листата ставени се Еден Азар, Асенсио и Варан, а од претходно отпишанји се Бејл, Јовиќ и Себаљос кои се враќаат од позајмици.

Во Реал се надеваат дека ќе продадат некои од овие играчи и ќе заработат доволно пари за Мбапе, затоа што ниту францускиот напаѓач не ја крие желбата еден ден да заигра за Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…